Ковачевски од Тирана: Очекуваме конструктивна дискусија за зголемување на регионалната соработка

Постигнувањата во рамки на Берлинскиот процес и влијанието на иницијативата врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи, се  во фокусот на самитот на лидери на Берлинскиот процес што се одржува  во Тирана. 

На највисоко ниво европските лидери ќе се обидат да дадат забрзување на патот на Западен Балкан кон ЕУ. Македонија во моментов е најкршливата точка – без уставни измени земјата останува без почеток на преговорите. 

Премиерот Димитар Ковачевски во Тирана беше пречекан од неговиот албански колега Еди Рама и рече дека очекува конструктивни дебати за зголемување на регионалната соработка. Во Тирана се одржува вториот самит на Берлински процес во регионот, откако 2020 година Македонија и Бугарија, организираа онлајн самит поради пандемијата.