Ковачевски: Нема да имам средба со Лавров на самитот

Премиерот Димитар Ковачевски на пристигнувањето на Самитот на ОБСЕ кој се одржува во „Борис Трајковски“ одржа вонредно обраќање во кое истакна дека ова е исклучително значајна конференција која се одржува во Скопје. Ако ОБСЕ пред 30 години и помогна на Македонија, денес Македонија му помогна на ОБСЕ да биде најголемата регионална организација во Европа.

„Ние претседававме во најтешката година за ОБСЕ со оглед на тоа дека организацијата се соочи со голем број предизвици во светло на неоправданата агресија на Русија врз Украина, меѓутоа се надевам дека ќе бидат потврдени одлуките за избор на нов претседавач за избор на четирите најзначајни позиции во ОБСЕ, како и донесување на буџетот. Вчера имав средба со државниот секретар на САД, Блинкен, како и со министерот за надворешни работи на Британија, Камерун, ние треба да бидеме свесни дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија којашто Русија ја изврши врз суверена држава врз Украина, некои земји тоа го прават со свое неприсуство, а некои со јасно искажани ставови. Истото ќе го направам и јас во своето излагање. - рече премиерот Димитар Ковачевски пред своето официјално обраќање на Самитот на ОБСЕ, кој се одржува со Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски пред министерскиот состанок на ОБСЕ ја отфрли можноста да има билатерална средба со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. 

- Ова не е дипломатска победа на Русија, туку на ОБСЕ, бидејќи беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Нема да имам средба со Лавров, рече Ковчевски..