Ковачевски најави амандман на предлог законот за амнестија

На пратеничкото прашање од ВМРО-ДПМНЕ дали како родител е подготвен да ги амнестира осудените за Монструм, премиерот Димитар Ковачевски најави амандман на предлог законот. Штом законот ќе влезе во собраниска процедура, доколку има такви случаи, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман со кој истите ќе бидат исклучени од можноста за амнестија, одговори Ковачевки од собраниската говорница.