Ковачевски на Генералното Собрание на ОН: Силата е во заедништвото

„Силата е во заедништвото. Оваа лекција дека здружено можеме повеќе отколку сами, денес светот ја учи во неочекуваните околности со коишто сме соочени во 21-от век. Неопходно е заедништво на демократскиот свет, сега и понатаму, во надминувањето на последици од светски размери, со коишто се соочуваат државите во Европа и пошироко во светот“, рече премиерот Димитар Ковачевски во денешното обраќање во рамки на Генералното Собранието на Обединетите Нации. Во својот говор на македонски јазик, Ковачевски додаде дека Македонија во концептот „Едно општество за сите“ е пример за мултиетничка демократија.