Ковачевски ќе го потпише договорот со грчкиот инвеститор за изградба на “Чебрен“, експертите предупредуваат на ризици

И покрај сите апели на дел од експертската јавност, хидроцентралата Чебрен да не се дава во рацете на странци, државата не се откажува од тоа. Договорот со грчкиот инвеститор ќе биде потпишан, рече премиерот Ковачевски. Кога точно не се знае, но според  роковите тоа треба да се случи  овој месец. 

Експертите предупредија дека државата отстапува стратешки природни ресурси на странски компании  и дека целиот проект треба да биде финансиран до државата.