Ковачевски: Јас ќе бидам повторно премиер, а новата проевропска влада ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година
Јас ќе бидам повторно премиер и про-европската влада која ќе ја предводам ќе биде онаа влада која ќе обезбеди членство за земјата во Европската Унија до 2030 година. За формирање на влада согласно важечките закони во земјата, потребно е мнозинство од 61 мандат, а СДСМ и проевропската коалиција ќе имаат и многу повеќе пратенички места, што ќе обезбеди и продолжување на европскиот пат, но и непречено спроведување на политиките кои ќе значат подобар живот за граѓаните“, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски во интервјуто за Слободен печат.
„Убеден сум дека во следниот мандат ќе постигнеме и многу повеќе и тоа ќе е многу побрзо, за да можат граѓаните што поскоро да ги почувствуваат придобивките од евроинтеграцијата и правилните политики кои ги спроведува СДСМ " – вели Ковачевски за Слободен печат.