Ковачевски ја финишира владата - изненадувања во правда, одбрана и МТСП

Jована Tренчевска, актуелната директорка на државен инспекторат за труд најверојатно ќе биде новата министерка за труд и социјална политика, брифира за ТВ 24 висок партиски функционер во СДСМ.

Во правда, според истиот функционер, Димитар Ковачевски договорил актуелен професор од правниот факултет чие име се држи во тајност додека во одбрана ќе седне уште една пратеничка.

ТВ 24 уште вчера објави дека на своите позиции остануват Оливер Спасовски и Благој Бочварски, Фатмир Битиќи, како и Горан Милевски, додека Бојан Маричиќ се сели во евроинтеграции, а во култура седнува актуелната потпретседателка Бисера Костадиновска стојчевска, додека во земјоделство не се исклучува камбек на Љупчо Николовски. Кабинетот на Ковачевски утре и пред извршниот и пред централниот одбор, а во вторник во Собрание.

Планот е владата да се гласа следниот викенд.