Ковачевски: Инволвирањето на власта во препукувањата во ВМРО-ДПМНЕ е шпекулација
Владата нема никаква врска со шпекулациите за УСБ то за кое деновиве лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски тврдеше дека по налог на Груевски доаѓало во рацете на владините коалициски партнери спомнувајќи ги и имињата на Ахмети и Џафери околу измените на КЗ.
Ова денеска го негираше и премиерот Ковачевски.
И собранискиот спикер Џафери негира дека од Груевски добивал УСБ и документи околу измените на КЗ. Само посочи дека собраниските служби добиваат документи и УСБ од Владата како предлагач на одредени закони но - во конкретниот слулчај за кој говореше Мицкоски гледа само шпекулации и потреба за нечие дневно политички поентирања кои немаат врска со реалноста посочи Џафери.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска тврдат дека имаат сознанија дека токму по нарачка на Груевски за измените во КЗ стигале УСБ и Документи до Ахмети и Џафери и порачуваат дека кога ќе дошле на власт ќе отвореле истрага за тоа.
На оваа тема вчера во видео гостување на Инфомакс по долго време се јави и екс премиерот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој посочи дека тоа се измислици на Мицкоски и наместо со него подобро би било да се бават со посериозни теми и проблематики. Дека постои врска на релација ДУИ и Груевски денеска се огласија и дел од албанскиот опозициски блок.
И додека јавноста е сведок на зачестени обвинувања на релација Скопје Будимпешта меѓу актуелниот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ околу КЗ владата веќе информираше дека се завршени и техничките корекции на предлог законот за амнестија за кој во наредните 2 дена ќе информира и министерот за правда Лога а законското решение е спремно да биде испратено во законодавниот дом.