Ковачевски: Иницијативите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ не и се од корист на државата

Погрешни се чекорите на Левица и ВМРО ДПМНЕ со референдумските иницијативи се огласи денеска премиерот Ковачевски  во интервју за Гласот на Америка . Вели жално е што во 21 век постојат партии кои се против стратешките интереси на државата и се закануваат со референдумски иницијативи во кои и самите не веруваат дека ќе успеат  додава Ковачевски.

Во Меѓувреме пак Левица веќе најави дека од следната недела стартува со собирање на потписите за иницијативата која ќе треба да ја поднесат до ДИК и до Собранието откако собранискиот спикер Џафери пак веќе ја отфрли како не уставна онаа на ВМРО ДПМНЕ а пак од партијата на Мицкоски посочија дека ќе дадат поддршка за иницијативата на Левица со прашална форма Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 . Вака формулираното прашање ги подели партиите така што освен поддршката која ја најавуваше ВМРО ДПМНЕ но откако ќе ја разгледа иницијативата останатите партии сметаа дека е контра интересите на државата.

Од ВМРО ДПМНЕ велат - Добро е што се постигна целта да се разговара за референдум како опција каде што ќе го изразат своето мислење граѓаните. Очекуваме во следниот период иницијаторите да го објаснат прашањето суштински пред граѓаните, па ВМРО ДПМНЕ ќе излезе со став. - ВМРО ДПМНЕ.

Владејачката коалиција СДСМ и ДУИ категорички велат дека во услови на економска криза е неодговорно да с е потрошат 8 милиони евра за референдум чиј исход однапред е осуден на неуспех . Беса пак и Алијанса за албанците пак како опозициски партии велат секоја иницијатива за референдум е вредна да се разгледа но секогаш ќе бидат на страната на преговорите и членството со ЕУ. Она кое што за сега се најавува од Левица е дека собранискиот спикер Џафери наскоро ќе биде ставен на уште еден тест за референдумски испит кои се убедени дека така лесно нема да му даде лагодност за да ја отфрли оваа иницијатива како што го направи тоа со онаа на ВМРО-ДПМНЕ.