Ковачевски и Рама на Ќафасан: Со„one stop shop“ ќе се намали чекањето на границите
После 5 години најави и промоции од денеска конечно и официјално е ставен во функција системот One-stop-shop“, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.
Проектот „One-stop-shop” ќе донесе олеснување на царинските процедури, слободниот проток на луѓе и капитал не само меѓу двете земји, туку и меѓу земјите на Западен Балкан рече премиерот Ковачевски.
- Овозможувањето на проток на луѓе и капитал истовремено ги зголемува и врските, комуникација помеѓу луѓето. Го зголемува и дружењето меѓу луѓето, нешто што цели половина век недостасуваше меѓу Албанија и тогашна Македонија, но сега претставуваме пример како треба да се однесуваат две соседни држави. - рече Ковачевски.
Според албанскиот премиер Еди Рама со овој проект забрзано ќе се развива туризмот и трговијата меѓу двете земји.
- Овој е важен проект затоа што конечно значително го олеснуваме преминот во овој момент и даваме дополнителен поттик не само на комерцијалните размени туку и на развојот на нашата трговија како целина без да го заборавиме развојот на туризмот.Албанија оваа година доживува извонреден пакт за трансформација." - рече Еди Рама премиер на Р.Албанија.
Она што за граѓаните е уште поважно е дека до есен патот до Ќафасан после долги години критики и молби ќе биде целосно завршен и рехабилитиран. Рехабилитацијата е во должина од 19,3 километри, од потегот од кружниот тек кај Подмоље до граничниот премин. Истиот патен правец е дел и од Коридорот 8.