Ковачевски го одби францускиот предлог, од ЕУ побара решение кое ги чува македонските национални интереси

Не, благодарам - премиерот Ковачевски го отфрли францускиот предлог денеска во Брисел. Премиерот порача дека ова што се случува е сериозен удар врз кредибилитетот на ЕУ, дека само се губи.време и не може да се наметнува решение без согласност од Македонија.

Откако Ковачевцски порача дека предлогот на Макрон е неприфатлив за него, тој ги повтори црвени линии на Македонија.

- Францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата и за коалиционите партнери и за граѓаните на Северна Македонија. Доколку во текот на француското претседателство дојде до разбирање за нашите позиции, спремни сме да се вклучиме во преговорите до крајот на јуни. - изјави Димитар Ковачевски премиер на РСМ.

На самитот ЕУ - Западен Балкан денеска можеше да се види и нервозен разговор помеѓу Ковачевски и Кирил Петков. Додека останатите лидерии се смееја и дискутираа, од видеото се чини дека претставниците на Македонија и Бугарија имаа осстра дискусија.

Фокусот денеска го украде албанскиот премиер Рама. Откако утринава сподели фотографија заедно со премиерот Ковачевски и напиша дека се навикнати на како што кажа европската шарада, пред состанокот ги поздрави ЕУ лидерите со најава дека доаѓа од Источна Макеоднија.

Тој денеска порача ЕУ да не ја убива вербата во европската иднина на регионот. Српскиот претседател Вучиќ пак потсети дека и денеска ништо не се случи.

- Мишел ни рече имаме 3 минути, му реков дека може да бидат и 30 секунди ако го одржеа зборот, но тие не го одржаа. Се чувствував лошо, бидејќи се уште не може да сме тука како Европејци, туку како разделени пријатели на една куќа. - изјави Еди Рама премиер на Албанија.

- Денеска уште еднаш ништо не се случи.  И Албанија и Северна Македонија заслужија да започнат преговори. - изјави Александар Вучиќ претседател на Србија.

Утринава еврокомесарот за проширување Вархеји потврди дека сите бугарски барања се вметнати во преговарачката рамка за Македонија. На новинарско прашање премиерот Ковачевски пак не сакаше да коментира затоа што се уште не го видел твитот и порача да се праша човекот кој го напишал твитот.

Првиот дипломат на ЕУ Жосеп Борел денеска изрази разочарување и кажа дека не е добар денот затоа што една земја го блокира целиот процес на проширување.

Денеска во Брисел на заеднички прес за Западен Балкан најавени беа и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претседателката на Европска Комисија Урсула Фон дер Лајен и францускиот претседател Макрон, но истата беше експресно откажа по состанокот. Засега се уште нема ниту пишана заедничка изјава од ЕУ челниците.