Ковачевски - Абдрахманов: Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето во 2023 година
Foto

Ковачевски - Абдрахманов: Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето во 2023 година

Премиерот Димитар Ковачевски денеска прими висока делегација од ОБСЕ предводена од високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдрахманов, придружуван од шефот на мисијата на ОБСЕ во нашата земја амбасадорот Клеменс Која.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата високиот комесар му упатил срдечни честитки на премиерот Ковачевски по повод стапувањето на должноста претседател на Владата и изразил надеж за понатамошна успешна и плодотворна соработка.

– За време на разговорот беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на продолжување на реформскиот процес, владеење на правото, подобрување на капацитетите на судскиот систем, јакнење на борбата против организираниот криминал и корупцијата, и родовата еднаквост, посочуваат од владината прес-служба.

Во оваа пригода премиерот Ковачевски му упатил срдечни честитки на високиот комесар за неговото назначување на оваа важна позиција во ОБСЕ и му посакал срдечно добредојде, притоа изразувајќи благодарност кон сите досегашни високи комесари за национални малцинства кои им пружија значителна поддршка на македонските институции во последниве 28 години.

Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Каират Абдрахманов потенцираше дека ОБСЕ има одлично партнерство со Република Северна Македонија во изминативе три децении и подвлече дека тоа е значаен влог во европската иднина на земјата. Тој го издвои големиот успех и пријателски дух со кој Владата на Северна Македонија ги решава билатералните спорови со соседите и изрази надеж дека овој тренд ќе продолжи и во иднина, наведуваат од владината прес-служба.

Високиот комесар Абдрахманов на средбата истакна дека стратегијата „Едно општество за сите“ и интеркултурниот дијалог кој го негува Република Северна Македонија е успешен инклузивен модел и оти заложбите во правец на владеење на правото и законот за унапредување на јазиците се важен чекор кон имплементацијата на европските вредности.

На средбата премиерот Ковачевски ја изразил својата увереност дека Владата на Република Северна Македонија воочи претстојното претседателството со ОБСЕ ќе продолжи да ги негува вредностите на праведно мултиетничко општество со еднакви можности за сите согласно стратегијата „Едно општество“.

– Годината 2023 ќе биде мошне важна и за Северна Македонија и за ОБСЕ и се надевам дека за време на нашето претседателство со ОБСЕ, кое што ќе го преземеме идната година, ќе имаме целосна соработка и ќе се посветиме на решавање на важни прашања, потенцираше премиерот Ковачевски.

0 Коментари

Остави коментари