Котлареска Маневска во СТУДИО 10: Жените претприемачки да знаат дека ако нешто се сака, тогаш и се може

Започнавме во 2013 година со една идеја од Хрватска и направивме бизнис кафе Македонија и опстана 9 години. Бизнис кафето е организирано во повеќе земји и главно го водат жени. Организираме секоја година Конференција за жени претприемачки оти тоа е битно да за да покажеме дека сите сме исти и дека функционираме и на работа и во семејството, вели Катерина Котлареска Маневска, организаторка на Конференција за ѓени претприемачки во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.

На конференциите доаѓаат и жени кои се уште немаат свој бизнис и како што велат тука наоѓаат храброст да започнат со бизнисот што го имаат осмислено, коментира Котлареска Маневска.

-Научив дека ако нешто се сака, тогаш и се може. Мотивацијата е многу битна, страста да се постигне нешто е многу битна за се, вели таа. 

Моето животно мото е: Тешко да, невозможно не, вели Котлареска Маневска.