Костовски за ТВ 24: Владата беше имаше информации дека не постои безбедносен ризик да му се даде државјанство на Онишченко

Мартин Костовски член на комисијата од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека АНБ е формирана со единствена цел да започне новата ера во безбедносниот систем после сите аномалии што ги покажа Управата за безбедност и контраразузнавање и потсети на скандалот со прислушуваните разговори од страна на опозицијата.

- Вели дека има голема разлика во однос на она што се случуваше во минатото. Премиерот има постојано прес конференции и дава свои мислења, вклучително и за овој проблем. И директорот на АНБ имаше опсежна прес конференција за она што се случува. Најважно е граѓаните да знаат дека не живееме во заробена држава. На вчерашната затворена седница е отповикано државјанството на Онишченко. Владата беше информирана за какво лице станува збор по добиената согласност од сите институции. После сите мислења од институциите, Владата имала информации дека не постои безбедносен ризик да му се даде државјанство. - рече Костовски.