Костовски за ТВ 24: Нема да дозволиме враќање на стари ретроградни процеси
Мартин Костовски од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека единствениот тандем кој се бори против евроинтегративниот процес е Мицкоски-Апасиев. Граѓаните треба да знаат дека имавме признание од лидерот на партијата дека Џафери постапил исправно кога ја одбил иницијативата, неуставно поднесена од страна на опозицијата.
- Ситуацијата е таква каде што повторно се поставува прашањето пред сите нас за што ни треба референдум? Во услови на невидена енергетска криза, дали е потребно да се исполнуваат желбите на опозицијата за трошење на народни пари. Бројката од 910 000 кои треба да излезат на референдум е научна фантастика. Тоа го кажа и лидерот на Левица, притоа девалвирајќи се самиот себе дека ако не успее, ништо нема да се смени, а идната влада ќе го поништи Довогорот со Бугарија. Нема да дозволиме враќање на стари ретроградни процеси, туку на маса е ставен планот за работа и пристап кон ЕУ. - вели Костовски.