Костовски ќе ги тужи државата, Народната банка и членови на управниот одбор на Еуростандард
Foto

Костовски ќе ги тужи државата, Народната банка и членови на управниот одбор на Еуростандард

Бизнисменот Трифун Костовски и неговото семејство како главни акционери ќе ги тужат Република Македонија, Народна банка и членови на Управниот одбор на „Еуростандард банка“ откако во средата Народната банка на Македонија ја затвори банката и ќе побара да биде отворен стечај за неа. 

Костовски на  денешната прес-конференција меѓу другото рече дека презема дел од одговорноста за пропаѓањето на Еуростандард банка а вината на акционерите ја лоцира во поѓрешниот изборот на членовите на Управниот одбор на банката особено поранешниот претседателот Николче Петковски. 

Според Костовски уривањето на банката е планирано повеќе месеци наназад иако тој и неговото семјество веќе имале бизнис план како да ја спасат банката. 

Коста Костовски син на Трифун Костовски и еден од акционерите во банката призна дека на Еуростандард банка и била потребна докапитализација и рече дека акционерите биле на пат на најдат инвеститори и за тоа била известена и Народна банка.

Во меѓувреме гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска беше на средба со претседателот на државата Стево Пендаровски за да го информира за затворањето на „Еуростандард банка“ .

„Пендаровски и Ангеловска-Бежоска истакнаа дека е важно да се вложи максимум за поскоро отпочнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити, и пред законски предвидениот рок од 20 дена. Претседателот Пендаровски очекува дека банкарскиот систем и понатаму ќе биде стабилен а Народната банка ќе продолжи со успешно остварување на своите законски цели и задачи“. - велат од кабинетот на претседателот.

Народната банка на Македонија пред два дена соопшти дека ја затвора Еуростандард банка поради неисполнување минимални законски услови за работење и дека ќе достави предлог до надлежниот суд за отворање стечајна постака во банката.

0 Коментари

Остави коментари