Костов за ТВ 24: Уставната измена на Македонија и става Дамоклов меч, да се биде или не

Сотир Костов во емисијата 24 Отворено за уставните измени вели дека во ова се измени под притисок и под уцена и ова на Македонија и става Дамоклов меч, да се биде или не.

- Од кога е донесен уставот, девет пати е менуван и седум пати под притисок. Ова е притисок од меѓународната јавност, која не секогаш била наккоонета кон Македонија. 2001 година тоа што се случи со Охридскиот договор, кога беше потпишан во тие услови, и кога се даваа изјави, еден од потписниците проговори на друг јазик. Малцинството прерасна во народот и му проработеа апетитите. Државната политика на Бугарија не работи во интерес на Македонија во изминатите години и на мала врата сака да влезе во уставот. Бугарската врхушка се крие зад грчката политика и ни го прави ова. - рече Костов.