Костадиновска за „Студио 10“: За реконструкција на Универзална потребно е надминување на сите лични и политички проблеми

Средствата за реконструкција на Универзална сала се дадени од Владата со повод едно писмо за соработка меѓу град Скопје и Министерство за култура и се доволни за реконструкција на салата. Спремни сме за соработка и завршување на почнатиот проект, вели во гостување за Стдуио 10 Бисера Костадиновска, министерка за култура.

- Ние се обративме до град Скопје, каде изразивме спрменост за продолжување на реконструкцијата. Доколку ние ја преземеме обврската треба да знеме што е досега направено. Со Градоначалничката имавме пријатен сотанок, рече ке ни ги достави сите документи и даде спремност за соработка. Од она што го разговаравме парите стојат на сметка, проектот е таму. 

Досега требаше да имаме функционална сала. Од она што го видовме на терен, таму нема ништо нема помрднато од претодната локална самоуправа. Таа кога дојде ги запре сите активности заради некаква небезбедност. Тоа е дониран објект, ИЗИС како релевантна инситуција даде зелено светло за универзалан во однос на безбедноста. Овој проект треба да ги надмине сите лични политички проблеми. Се работи за објект од витално значење. - вели Костадиновска.