Костадиновска Стојчевска за ТВ 24: Кој и да биде номиниран од нашата партија, ќе се консултираме со коалициските партнери
Министерката за култура и потпретседател на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата 24 анализа рече дека се уште има одлуки да се донесат пред изборите.
- Процесот за номинирање на кандидатот за претседател започна со консултирање во членството и сите општински организации по широк круг на состаноци, се новинираа разни профили, почнувајчќи од сегашниот. Тоа е демократски процес, секој глас да биде слушнат и тие листи понатаму се затвораат. Профилот на претседатол веќе го имаме, а тоа претседател кој ќе биде за сите, ќе го следи патот на интеграција на земјата во ЕУ, претседател кој нема да биде послушник на партијата, туку ќе биде позитивен пример за сите. Кој и да биде номиниран од нашата партија, ќе се консултираме со коалициските партнери. Ние сме партија отворена за сите коалиции, партија која сака да ги има сите на своја страна. - рече Костадиновска Стојчевска.