Костадиновска Стојчевска за ТВ 24: Категорично ги отфрлам сите категоризации дека се работи за клиентелизам при изборот на проектите во министерството

Министерката за култура и потпретседател на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата 24 анализа во врска со доделувањето на финансии за одредени проекти ги отфрли сите категоризации дека се работи за клиентелизам и најлошата програма досега.

- Комисиите кои беа избрани во министерството за култура најпрофесионално си ја завршија работата, но од нивното влечење по медиуми и деградирање, ќе доведе во иднина тие да не сакаат да одлучуваат на овие конкурси. Имињата на членовите на комисијата јавно беа објавувани. Секој фестивал секоја година има различна апликација која се оценува. Имавме во минатото примери каде фестивали го намалувале квалитетот на програмата и со тоа се намалува сумата за поддршка од министерството. - рече