Костадинов за ТВ 24: Последен предизвик ни е миграцијата село-град

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов во емисијата 24 анализа рече дека општина Струмица се соочува со одредени предизвици.

- Заклучно со 15 септември состојбата се подобрува. За оваа година има 526 деца што во споредба од претходната година е помалку за 10%. Струмица е регионален центар на југоистокот. Како последен предизвик ни е миграцијата село-град. Немаме веќе подраќно училиште во населените места. Миграцијата се случува поради лошата комуникација на населените места со градот. - рече Костадинов.