Костадинов за ТВ 24: Очекувам дека ќе се повтори сценариото од претходните претседателски избори, каде победа ќе извојува кандидатот на СДСМ
Костадин Костадинов член на ИО на СДСМ.во емисијата 24 анализа рече дека радува фактот што имаме повеќе номинации за претседатели на државата и смета дека било какви коалиции се пропаднати.
- Сето тоа е во фаза на номинации, треба да помине низ врантрепартиските тела и органи на партиите треба да имаме посебен конгрес за кандидат за претседател. Очекувам дека ќе се повтори сценариото од претходните претседателски избори, каде победа ќе извојува кандидатот на СДСМ. Останува да дојдат изборите и да видиме, мојот став е дека ќе ни се случува реприза на претходните избори. - рече Костадинов.