Костадинов за ТВ 24: Имаме чиста формулација на македонскиот јазик без фусности

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата 24 анализа изјави дека став на партијата е граѓаните недвосмислено да го искажат нивното мислење и револт. Треба да биде слушнато сечие мислење, зошто се наоѓаме во круцијален момент за државата и треба да го дефинираме нашиот пат.

- Правото на протест е гарантирано за сите граѓани и секој може да го искаже своето мислење на различен начин. Сега сме во клучен процес за нашата иднина и сите заедно мора да покажеме мудрост и конструктивност, да ја заборавиме веќе поделбата на патриоти и предавници, да размислуваме и делуваме со ладни глави особено ние политичарите. Членството во ЕУ е стратешка цел за сите нас и затоа во овој процес мора бидеме максмално внимателни и конструктивни. Да имаме одговорност сите заедно како чинители, особено ние како политичари, бидејќи клучната цел е да живееме во подобра состојба и во демократско општество. Имаме чиста формулација на македонскиот јазик без фусности што беше наше клучно барање. Ние сме тие кои треба секој ден да покажуваме колку сме големи Македонци. - рече Костадинов.