Костадинов во 24 анализа: Стапката на инфлација е очекувана бидејќи има покачување на платите

Ромео Костадинов од Сојуз на стопански комори во 24 анализа рече дека стапката на инфлација е очекувана бидејќи има покачување на платите.

Според него, 3,3% инфлација е добра за македонскиот стандард.

„Стапката на инфлација е очекувана бидејќи има покачивање на плати. За инфалцијата основен фактор е обемот на паричната маса. Инфлацијата е очекувана и добро е што е контролирана. Нашите претпоставки беа дека ќе биде над 6%. Ова инфлација е одлична за македонскиот стандард. Се согласуваме со бројките. Очекувана е како појава во оваа година“ рече Костадинов.

Тој зборуваше и за тоа дека реалните инвестиции се одраз на реално вложување. Објасни дека 22% во овој квартал е добра бројка. 

„Ова е реална стапка и не очекуваме да биде поголема. Реални иневстиции се одраз на реално вложување. Тоа ќе се појави во септември кога ќе има резултати. Ние влечеме опашки кога немавме капитални иневстиции. 22% во овој квартал се добра бројки. Првите инвестиции во првиот полугодишен период може да се видат во септември“, додаде Костадинов.