Костадинов: Мицкоски го штити криминалот на Груевски

Прес конференцијата на Христијан Мицкоски, СДС пак, ја оцени како доказ за, како што велат, очајната состојба на ВМРО-ДПМНЕ,  по секоја цена го бранела криминалот на Никола Груевски.

Партискиот портпарол, Костадин Костадинов рече дека бројките го демантирале Мицкоски, а се осврна и кон преговорите за Специјалното јавно обвинителство, од кои рече, Мицкоски избегал за да застане во одбрана на криминалот на претходниот лидер на партијата.