Косовската полиција продолжува со претреси на северот на земјата
Продолжжуваат претсресите на косовската полиција, неколку дена по вооружениот напад во кој загина началник на полицијата и четворица косовски срби... Проверки има во пет општини на северот на земјата а засега нема уапсени...Од косовското обвинителство велат дека се проверуваат објекти во сопственост на Милан Радоичиќ, потпретседателот на партијата Српска листа, кого Приштина го обвини дека ја предвдел групата која го изврши нападот во селото Бањска...
Министерство за внатрешни работи на Косово
„Овие операции се спроведуваат во врска со последните настани во селото Бањска. Полициската акција ја спроведуваат надлежните единици на косовската полиција, со присуство на обвинител на лице место. Контролата се извршува во координација со ЕУЛЕКС и КФОР.“
Специјалните единици на косовската полиција утрово влегле и во Клиничкиот центар во Косовска Митровица од каде биле земени снимките од безбедносните камери...Пребарувани биле и помошните простории, пералната и котларницата на болницата..
Златан Елек – директор на Клиничкиот центар во Косовска МИтровица
„Дојдоа вооружени и со 15 џипови. Ни рекоа дека имаат судски налог да влезат. Им рековме дека нема потреба насилно да влегуваат, дека ќе ги отвориме собите што сакале да ги видат. Тие ја скршиле вратата и на крајот, при излегување, дури во 7 часот и 15 минути, кога работниците доаѓале на работа, видно вознемирени, исплашени како пациентите, излегле од клиничко-болничкиот центар и го однесоа системот за видео надзор.“
Потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ, ја презеде одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово..Според Радојчиќ, причината била „да се охрабри народот во отпорот кон режимот на Албин Курти“...Во изјавата која ја прочита неговиот адвокат, истакнал дека не добил никаква помош од властите во Белград, ниту пак ги известил за своите намери ...
Премиерката на србија ана брнабиќ обвинува дека продолжил теророт кој го спроведува албин курти врз србите на северот на косово...Од српската влада велат дека ја следат ситуацијата и дека се во постојан контакт со претставниците на меѓународната заедница...
Ана брнабиќ – премиер на Србија
„Ја пратиме состојбата, разговараме со КФОР и меѓународната заедница , Вучиќ од утрово има разговори за случувањата на Косово. Продолжува теророт на Албин Курти врз Србите на Косово, сосема очекувано согласно сето она што го кажувавме и она што со месеци го зборува претседателот на Србија Александар Вучиќ.“
А косовското собрание усвои резолуција со која го осуди нападот врз полицијата на северот на земјата и побара меѓународна истрага за улогата која ја имала Србија во организирање на напшадот...

