Кошта во Белград, средби со Вучиќ, Мацут и со пратеници во Парламентот

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пристигна во официјална посета на Србија, пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. 

„Го пречекав претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со кого ќе имам можност да разговараме за клучните прашања за односите меѓу Србија и Европската Унија, како и за предизвиците со кои се соочуваме на тој пат“, објави Вучиќ. 

Тој истакна дека Србија е решена да продолжи по европскиот пат, подготвена да работи со одговорен и партнерски пристап по сите прашања важни за мирот и просперитетот на граѓаните. 

„Верувам во големата важност на дијалогот, отворената и директната комуникација во време на сложени геополитички околности“, рече Вучиќ.