Кошаркарската федерација се враќа на старото име

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) ја враќа кратенката и името со кое со децении беше препознатлива. На состанок на Управниот одбор на федерацијата е донесена одлука да се избрише зборот „Северна“ од официјалното име, со што престанува да се користи формалната ознака „КФСМ“ и повторно се враќа името „Кошаркарска федерација на Македонија“ – КФМ.

Одлуката доаѓа по шестгодишен период на приспособување кон Преспанскиот договор, според кој сите државни институции, а со време и спортските федерации, мораа да го додадат придавката „Северна“ во своето официјално име. Кошаркарската репрезентација беше првиот национален тим кој настапи со дресови на кои стоеше „Северна Македонија“, што тогаш предизвика сериозни реакции кај дел од јавноста и спортската заедница.

Сега, КФМ ја прекинува таа практика и го враќа старото име како дел од новата стратегија на федерацијата. Одлуката има симболично, но и политичко значење, особено во контекст на актуелните општествени и институционални турбуленции поврзани со уставните измени и идентитетските прашања.