Кошаркарките на Бадел го освоија шампионскиот трофеј, Стојановска е МВП

Екипата на Бадел 1862 го освои шампионскиот трофеј во македонското кошаркарско првенство за жени. Избраничките на тренерот Перо Стамески, предводени од извонредната репрезентативка Александра Стојановска, вчеравечер го запишаа третиот триумф во финалната серија против бранителот на трофејот, Баскет Кам 2011 овој пат со 77:71.

Претходно, Баделки славеа со 73:56 и со 69:68, додека во првата шанса за шампионска титула триумфираа кошаркарките од Македонска Каменица со 74:73.

Александра Стојановска се закити и со признанието најкорисен играч. На овој натпревар репрезентативката запиша 27 поени и шест асистенции. Седум поени помалку за Бадел 1862 на овој натпревар постигна Матхеу. Двоцифрена со 12 поени беше уште една репрезентативка во жолто-синиот дрес, Нена Трајчевска.

Во таборот на Баскет Кам најефикасна беше Алексиќ со 25 поени.