Кошаркарите на готовс: Грција може да ни биде противник во квалификациите за ЕП!
Foto

Кошаркарите на готовс: Грција може да ни биде противник во квалификациите за ЕП!

Машката македонска кошаркарска репрезентација в понеделник ќе ги добие противниците во квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Според новиот, покомплициран систем на ФИБА, меѓу 32-те селекции кои ќе учествуваат во квалификациите се и четирите домаќини, Грузија, Италија, Германија и Чешка. Тие ќе играат, но не за пласман на првенството. Оттука, наместо четири барабани, како секогаш, репрезентациите се распоредени во осум, со цел во една група да нема повеќе од една репрезентација домаќин. Според рејтингот, Македонија се најде во барабанот број шест, а противниците ќе ги добива од вториот, третиот и од седмиот барабан. Во традиционална ждрепка, би рекле дека македонската репрезентација се наоѓа во третиот по ранг барабан, со солидни шанси за билет за европското првенство, имајќи предвид дека три од четирите екипи во групата ќе се пласираат. Ова нема да биде вака само во групите во кои ќе бидат извлечени четирите домаќини, бидејќи тие секако ќе играат на првенството, па таму наместо три, пласман ќе добијат две селекции. Од овој аспект имаме среќа, затоа што единствениот домаќин кој би можел да ни се падне во група е Италија, од барабанот број три. Покрај неа, таму се уште Летонија, Турција и Украина. Интересно е тоа што од групата на носители, можеме да ја добиеме Грција или, пак, актуелниот европски првак Словенија, Хрватска или Русија. Јасно е дека нема да се паднеме со Унгарија, Босна и Херцеговина и со Холандија, кои се во нашиот барабан, а очекуваме да сме подобри од некоја од екипите во аутсајдерскиот, седми барабан: Естонија, Бугарија, Шведска и Австрија. Ждрепката во Минхен ќе се одржи в понеделник во 12 часот и 15 минути. Во истата пригода ќе бидат извлечена ждрепката и за женските квалификации, каде што македонската репрезентација е рангирана во најслабиот четврти шешир.

Foto

0 Коментари

Остави коментари