Кос: Нема Тројански коњи, земјите што би нè поткопале одвнатре не можат да станат членки на ЕУ

Европската Унија нема да дозволи да се приклучат земји кои би можеле да ги поткопаат нејзините вредности или институции - порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на расправата за стратегијата за проширување на ЕУ, којашто треба да се усвои денеска.

За време на дебатата за проширувањето во Европскиот парламент, Кос нагласи дека инсистирањето на владеењето на правото како клучен приоритет неизбежно го зајакнува кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ.