„Корупцијата цвета во земјава на секое ниво“
Потпишани се многу Меѓународни декларации, голем број на закони, и покрај сите декларативни залагања на чинителите за борба против корупцијата сведочиме дека во Македонија таа цвета.
Со пораката приклучи се и ти во борбата против корупцијата повлечи црвена линија се одржа конференција посветена на 9 ти декември денот за борба против корупцијата.
Македонија има потреба од повеќе истраги, постапки за да покажат дека никој не е над законот. Неодамна избраниот претседател на антикорупциска Адем Чучуљ упати јасен апел дека корупцијата и понатаму останува еден од најголемите проблеми во државата, мора да има зајакнување на системот на итегритет во сите институции.
Државниот орган пак кој што ги ревидира работењата на останатите институции во 2024 биле доставени 40 конечни ревизорски извештаи до ОЈО за постапување од кои 37 биле прифатени.
Освен појавата на корупцијата мора да се работи и на тоа да се смени мислењето кај народот, нема човек кој што не се соочил со ситуација да понуди или даде одреден вид на мито за полесно завршување некоја работа.
Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, со интегритет и отчетност, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Овој ден не е само симбол, туку и сериозен потсетник, да не заборавиме дека борбата против корупцијата не се води сама по себе и не се ограничува само на закони.
