Корупција во јавните набавки

Постои корупција при спроведување на јавните набавки, дел од тендерите се спроведувале без почитување  законот за јавни набавки, тендери завршувале во четири очи - покажуваат истражувањата на центарот за граѓански комуникации.

Анализите на државна ревизија пак утврдиле дека од 2015-та до 2018-та година дури во 54 отсто од јавните набавки имало само една понуда. Заклучоците од проектот „потребата и предизвиците во јакнењето на интегритетот во јавните набавки“ денеска беа презентирани по анализа на 40 претпријатија основани од владата, град скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.