Коронавирусот во Македонија никако да стивне
Foto

Коронавирусот во Македонија никако да стивне

Коронавирусот во Македонија никако да стивне. Институтот за јавно здравје денеска информираше дека во последните 24 часа од 258 направени тестови потврдени се 21 нов случај на заразени со Ковид 19 што е безмалку 10 отсто од новозаболените.

Со ова бројката назаболени достигна 1999, еден случај помалку од она што здравствените власти првично го најавуваа како врв на бројот на заразени од овој вирус.

Министерот за здравство Венко Филипче во речи си секој свој настап непропушта да ја искже разочараноста дури и лутината поради непочитувањето на мерките. Тој и денеска на својот фејсбук профил напиша дека фотографиите и телевизиските прилози од вчерашното празнување на Рамазан бајрам се повторно загрижувачки.

„И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи. Им благодарам на граѓаните кои се придржуваат кон мерките, а кои за жал, понатаму можат да бидат изложени на ризик поради оние коишто тоа не го прават. Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се' додека има такви кои го ингнорираат.“ - напиша на фејсбук Венко Филипче министер за здравство.

Сепак владата на која е член и Филипче – не го прифати предлогот на комсијата за зарзни боелсти и остави простор со полициксиот час – верниците вчера да го прсолавата рамазан бајрам. А погалвараот на ивз и се забалгодари со сракастичното прогалсување на смрт на ковид 19.

и додека од една старна се олабавувата мерките, од друга македониај е последна во бробата со епидемијата во регионот. Црна Гора вчера се прогласи за прва европска држава која го победила корона вирусот, а во Словенија веќе четири дена по ред нема новозаболени.

Според веб страницата worldmeteres.info, неофицијална страница во која се собрани сите податоци за состојбата со коронависрусот во светот во последните пет дена се регистрирани 70 новозаразени на еден милион жители. Во Србија има 49, во Бугарија 24, во Албанија 17, а во Грција и Хрватска по 4 нови заразени на 1 милион жители.

Што се однесува до починатите, Македонија има 54 мртви на 1 милион жители, најмногу во регионот. Србија има двојно помалку 27, а Хрватска има 24 мртви на 1 милион жители. Најмалку починати 11 има во Албанија.

ТВ 24 денеска контактираше неколкумина епидемиолози за да праша која е причината што и после три месеци од прводијагностицираниот случај коронавирусот во земјава епидемијата не стивнува, но одговор не добивме.

0 Коментари

Остави коментари