Коронавирусот во Македонија бил уште во јануари
Foto

Коронавирусот во Македонија бил уште во јануари

Мајката, која заедно со нејзиниот син беше пронајдени мртва во нивниот стан во Велес е позитивна на вирусот Ковид-19. Информациите се дека 79-годишната жена го имала вирусот,  потврди предмалку министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција. Нејзиниот син бил негативен на посмртниот тест за коронавирус.

„Не е исклучена можноста вирусот да бил присутен во нашата земја и порано, посебно имајќи во предвид што излегуваат сѐ повеќе публикации дека има и асимптоматски носители на вирусот“, рече Филипче.

Соседите на починатите велешани изјавиле дека последен пат мајката и синот ги виделе пред новогодишните празници.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски изјави дека можно е да се отворат многу дилеми ако се потврди дека жената починала пред два месеци, а кај неа е потврден коронавирусот.

Тоа би значело дека вирусот кај нас бил присутен многу порано од што официјално се зборуваше за него.

0 Коментари

Остави коментари