Коронавирусот многу брзо се менува, мутира, а Македонија не ги менува протоколите

Во Македонија се уште се применуваат истите, застарени протоколи против Ковид 19 како пред две години.

Иако СЗО го призна сопствениот пропуст и се коригира, кај нас тоа не се направи, а протоклите и мерките остана на ниво како на почеток на пандемијата, изјави др.Ичло Ефкоски во емисијата 24 Анализа.

Коронавирусот многу брзо се менува, мутира, има и многу подмутации, поминавме неколку бранови и сега во последниот ништо не е променето, вели Ефкоски. Нема нови мерки, а постоечките се многу разлабавени и покрај инспекциските контроли на терен ситуацијата ескалира, што допринесе за брзото ширење на вирусот, посочува др. Ангелчо Андоновски.  

Новиот бран се уште не го достигнал врвот, а амбулантите се преполни со пациенти. Критично е во Тетово и Гевгелија каде се отвора модуларната болница. Здравствотое  со ограничени капациетети, а медицинскиот кадара е преморен.

Од Министертвото з за здравство смируваат дека има 188 слободни места во болниците низ државата, а во ковид центрите во моментот има 177 пациенти.