Коронавирусот ги откажа сите УФЦ настани
Foto

Коронавирусот ги откажа сите УФЦ настани

Единствениот спорт кој се обидуваше да му пркоси на коронавирусот, најголемата ММА организација во светот, УФЦ одлучи да ги откаже сите настани во нејзина организација.

Тоа значи дека спектаклот меѓу Тони Фергусон и Џастин Гејчи, кој требаше да се одржи на 18 април во Бруклин е одложен. Гејчи во битката за титулата во лесна категорија влезе како замена за Хабиб Нурмагомедов, кој по затворање на границите на Русија поради коронавирусот не можеше да допатува на истата.

Спортскиот канал ЕСПН, како и компанијата Дизни направија притисок врз претседателот на УФЦ, Дана Вајт да ги откаже сите настани иако тој најави дека е подготвен да изнајми цел остров само за да се одржат борбите. 

„Бев подготвен. но Дизни и ЕСПН побараа да се повлечам. Од почит кон моите партнери го сторив тоа“ - потенцираше Вајт. 

УФЦ секоја недела имаше борби, а еднаш месечно главен настан, но сега тие се ставено во мирување додека да заврши пандемијата.

0 Коментари

Остави коментари