Коронавирус и меѓу вработените во фабриката за автобуси „Ван Хоол“
Foto

Коронавирус и меѓу вработените во фабриката за автобуси „Ван Хоол“

Најмалку еден вработен во фабриката за автобуси „Ван Хоол“ е позитивен на коронавирус. Неговиот резултат од тестот за Ковид-19 стигнал вчера. Вработени во оваа компанија се кои контактиравме денеска, се исплашени за нивното здравје. Велат дека од управата на фабриката им било речено дека ако најмалку еден вработен се зарази, ќе се прекине работата на фабриката. 

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова Бухова на денешната прес-конференцијата, одговори дека нема информација за заразени во „Ван Хоол“.

Сепак, набргу по завршувањето на прес конференцијата, преку порака Бухова ја потврди нашата информација.

„Лицето од „Ван Хоол“ е позитивен од 12 мај. Се наоѓа на лекување на инфективното одделение во Општа болница Велес. Има четири контакти од работа, еден од Скопје и тројца од Велес и уште пет контакти од дома“ - вели Сотирова Бухова.

Засега, не е познато дали заразениот вработен доаѓал на работа откако му е направен тест. 

„Ван Хоол” е еден од најголемите производители на автобуси во Европа. Во фабриката во слободната зона Скопје 2 работат преку илјада работници. 

Минатата недела германската фабрика за автомобилски делови „Маркарт“ кај Велес го прекина производството и 600 вработени ги прати дома, откако еден надворешен соработник беше позитивен на коронавирус.

0 Коментари

Остави коментари