Короната однесе млад живот - почина 15 годишно девојче на Инфективна клиника
Foto

Короната однесе млад живот - почина 15 годишно девојче на Инфективна клиника

Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби почина 15 годишна пациентка од село Селце, тетовско. 

„Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас“ - се вели во извештајот на МЗ.

Според кажувањата на таткото на пациентката, и нејзината мајка е почината од Ковид 19.

0 Коментари

Остави коментари