Корона вирус - Како да се штитиме себеси, но и останатите околу нас?
Foto

Корона вирус - Како да се штитиме себеси, но и останатите околу нас?

Првиот потврден случај за лице заболено со „КОВИД-19“, познат како „коронавирус“ кај народот предизвика загриженост, која во многу изразени однесувања е неоснована. Министерството за здравство повикува на смиреност и посочува на подготвеност за справување со коронавирусот. Како оваа појава претставува стрес-фактор за луѓето и како ние како општество треба да се однесуваме со колективна свест, за да се штитиме себеси, но и останатите околу нас?

Во „Коментар“ со Огнен Јанески, разговараат невропсихијатарот, проф. д-р Методи Чепреганов, научната соработничка, д-р Марија Димзова – специјалистка по инфектологија при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и д-р Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

Телевизија 24 подготви и видео-совети како водич за превенција од коронавирусот, според препораките на Светската здравствена организација.

0 Коментари

Остави коментари