Корона - рекорди на Балканот
Здравствените власти во Босна и Херцеговина денеска соопштија дека во изминатото деноноќие се регистрирани нови 1.903 случаи на зараза со Ковид19 и 21 смртен случај.
Во Република Српска се потврдени 649 новозаболени со коронавирус и деветмина починати. Досега во РС се регистрирани 16.356 случаи на инфекција, а починале вкупно 400 пациенти.
Во изминатите 24 часа во Словенија се забележани 2.488 новозаразени, што е 34,55 отсто од тестираните, а починале осум луѓе, соопшти Министерството за здравство. Владата во Љубљана вечерва ќе одлучи за продолжување на превентивните мерки.
Билансот во Хрватска денеска изнесува 2.776 новозаразени со коронавирус и 18 смртни случаи.
Се поголем е бројот на луѓе заразени со коронавирус во светот. Моментно во светот се заболени околу 45 милиони луѓе, а починале 1.179.000.