Корона пандемијата зема замав во Европа, луѓето во Израел бесни после враќањето на карантинот
Foto

Корона пандемијата зема замав во Европа, луѓето во Израел бесни после враќањето на карантинот

Бројот на новозаболени од Ковид-19 продолжува да се расте и за само една недела потврдени се нови два милиона заболени а бројот на починати се искачи за нови 38 илјади, соопшти Светска здравствена организација.

Состојбата и натаму е најсериозна е во Северна и во Јужна Америка, каде бројот на новозаболени за само седум дена се зголемил за 38 проценти. Бројот на заболени забрзано расте и во Европа. Во Франција се регистрирани 67.000 заразени, а во Шпанија 50.000 позитивни на ковид 19.

„За жал летото беше период кога Европа заборави дека постои коронавирусот и покрај тоа што се случуваше во Северна и Јужна Америка. Сите се однесуваа како ова да не е нивни проблем.“ - изјави д-р Маргарет Харис - СЗО.

Одредени земји веќе воведоа рестриктивни мерки. Израелските власти повторно воведоа карантин а жителите смеат да се оддалечуваат од своите домови максимално еден километар и само под одредени околности.

И Велика Британија е пред нови рестрикции по растот на бројот на позитивни тестови на ковид-19..Владата го одложи враќањето на публиката на спортските натпревари, ги ограничи венчавките на само 15 луѓе, а носењето маска во јавен превоз и такси ќе стане задолжително. Мерките доаѓаат откако здравствените експерти предупредија дека државата ќе се соочи со бројка од 50 илјади заразени дневно ако не се преземат итни мерки.

„Отсекогаш знаевме дека можноста за втор бран е реална. Многу ми е што можам да кажам дека, како и во Шпанија и Франција и многу други земји, достигнавме опасна точка после која мораме да реагираме.“  изјави Борис Џонсон - премиер на Велика Британија.

Во одредени делови од Шпанија веќе се на сила одредени рестрикции а шпанските власти ја разгледуваат можноста за проширување на мерките и ниво на целата држава. Во Мадрид, речиси една една третина од пациентите кои доаѓаат во болниците се позитивни на ковид 19.

„Во моментов во мојата болница, која не е една од најголемите, една третина од пациентите се позитивни на коронавирусот. Во одделот за интензивна нега, 50 % од пациенттие се позитивни на ковид 19.  Во следните неколку недели очекуваме рапиден пораст на бројот на заболени.“ - изјави д-р Хулио Махол - директор на болницата Асан Хуан.

Во Франција на сила се ограничувања во градовите кои се најмногуи погодени од пандемијата. Забрането е групираљње на поголем број на лица, задолжително е носење на маска и редуцирани се посетите на пензионерските домови. Во дел од градовите намалено е и работното време на баровите и рестораните.

Шведската влада пак најави дека нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст, повикувајќи се на тврдењата на експертите кои сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин. Сепак, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лицa.

0 Коментари

Остави коментари