Корона кризата пред ескалција во Србија
Foto

Корона кризата пред ескалција во Србија

Со протести и негодување на граѓаните и свртен грб од лекарите на српскиот град Нови Пазар е пречекана премиерката Ана Брнабиќ, која дојде во посета на болницата која колабира поради огромниот број на Ковид пациенти. Револтот се зголеми кога Брнабиќ кажа дека приказните за големата смртност биле лажни вести.

„Мене ми се чини дека е голема разлика да се каже дека починале членови на едно семејство, што е доволно страшно и дека умираат цели семејства, и тоа е сензационализам.“ - изјави Изјава Ана Брнабиќ, претседател на владата на Р.Србија.

Додека Србија официјално пријавува по неколку смртни случаи дневно, граѓаните на Нови Пазар велат дека се работи за очигледна лага, бидејќи само во нивниот град починале 100 луѓе во изминатата недела.

„Кога секој од нас знае барем 5 починати, секој ден има по 10 – 15 посмртници на бандерите.“ - вели граѓанин на Нови Пазар.

Јавноста на потресе снимката од новопазарската болница, каде е заразен и поголемиот дел од персоналот а пациентите нема кој да ги лекува.

„Еве луѓе умираат, во какви услови е сместена бремена жена во 8 месец во црвена зона на инфективното оделение во новопазарската болница.“ - вели Жителка на Нови Пазар.

Познавачите велат дека е очигледно дека српската власт ги крие умрените.

„Не можам да го потврдам точниот број на смртни случаи, ама сигурен сум дека тие податоци кои се објавуваат не се точни, и тоа се прави бидејќи владата и кризниот штаб сакаат да се направи временска дистанца од изборите.“ - вели Раде Паниќ, претседател на синдикатот на лекарите и фармацевтите на Србија.

Но не е подобра состојбата ниту во Белград и Крагуевац каде се враќаат вонредните мерки, во државните амбуланти на тестови се чека со денови, а со часови се чека и во приватните институции.

„Чекам тука, имаше редица од 50 луѓе, 3 и пол часа чекам, не ми е добро, имам температура, малаксан сум, не можам да стојам на нозе, катастрофално.“ - вели жител на Белград.

Балканста истражувачка мрежа БИРН веќе објави дека српските власти ја криеле бројката на починати и заразени уште пред одржувањето на изборите, и дека на пример во Април според евиденцијата умирале и по 20 луѓе дневно, додека биле пријавувани по 2 – 3.

0 Коментари

Остави коментари