Коридорите непочнати - расправата се уште трае

Пратениците се уште не го побарале на увид договорот со Бехтел и Енка, а истиот веќе е доставен до обвинителството и антикорупционерите.

Ова денеска во одговор на новинарско прашање го истакна премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на магистралниот пат Куманово-Страцин, од каде порача и дека очекува во Собранието да бидат изгласани потребните законски измени кои ќе го отворат патот за изградбата на патничките коридори 9 и 10д. 

И покрај оптимизмот на Ковачевски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ од собранието и натаму е идентичен, велат тие се за изградба на автопатите, но против овие законски измени по брза постапка. 

Покрај Ковачевски, на отворањето на магистралниот пат Куманово-Страцин денеска се обратија и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и првиот човек на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, од каде порачаа дека со овој магистрален пат земјава станува клучен транзитен центар на Балканот.