Коридор 8: Камен темелник има,проект нема, одговори за спорниот надзор нема
Додека антикорупционерите собираат документи, а обвинителството веќе отвори случај по допрен глас за тендерот тежок 22 милиони евра за надзор над изградбата на коридорите 8 и 10 д, од Владата на свечена церемониа фрлија лопати за камен темелник на делницата Тетово-Гостивар.
Премиерот, министрите, пратениците, дел од дипломатскиот кор се пофалија со проектот кој е дел од коридорите 8 и 10 д, кој ќе чини 1,3 милиони евра. Но, останаа нема за сите контроверзи и спорни прашања околу сомнежите за корупција во тендерот за надзор, но и за тоа како стартува изградбата, а проектот никој не го видел.
Премиерот ги одбегна новинарите кои сакаа да го прашаат и колку дополнително ќе ќини проектот. Делницата ќе биде долга 17,5 километри, а ќе чини 125 милиони евра.
Првиот вицепремиер Aртан Груби кој во целиот период проектот за коридорите ги најавува и како исполнето како што вели ветување на дуи, ни денска не остана е незабележлив, се појави облечен со тематски аутфит.
Церемонијата за која се највувваше и културно уметничка програма, но не се случи е во организација на фирмата Арберија Дизајн, која е редовно ангажирана на владини свечености. Колку сето ова чини сопственот, не кажа. Тој за ТВ 24 вели дека соработката со Влада била на дневно ниво.
Изградбата на автопатските коридори 8 и 10 д ќе го врши американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка со закон кој помина Собранието. Од друга страна и натаму останува спорен тендерот за надзор на изградбата кој го доби групацијата фирми предводена од италијанската ИРД Инжинеринг.
Во групацијата фирми влегува шпанската Ептиса за која ТВ24 објави дека Владата првично дала негативна оценка за две години подоцна сепак да биде дел од конзорциумот. За фирмата Електра Солушнс опозицијата обвини дека истата е основана три недели пред да се објави јавниот повик, додека фирмата Евро Консалтинг која исто така е дел од фирмите кои ќе го вршат надзорот, е во сопственост на Бранислав Димитриевиќ, македонски државјанин кој се бара за измама во Ерменија.