Кордалов: Потребен е акциски план кој ќе ги вклучи домашните ИТ експерти со надворешна поддршка
Акциски план кој ќе ги вклучи домашните ИТ експерти со надворешна поддршка и издвојување на буџетски средства за негова реализација, треба да биде дел од стратегијата за заштита од хакерските напади, смета комуникологот Бојан Кордалов, зборувајќи за актуелниот сајбер напад врз фондот за здравство, кој веќе 12 дена е хакиран.