Координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев си поднесе оставка, се сели во АЦВП

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев си поднесе оставка, таа ќе биде констатирана на утрешната седница на Собранието. Тунтев се сели во АЦВП, а на негово место во собрансиката фотелја треб ада седне Рубин Земон. Новиот координатор на СДСМ се уште не се знае, иако неофицијално се споменува пратеникот Хари Локвенец, но и актуелниот заменик на Тунтев, Јован Митровски. Освен Митровски, втор заменик координатор на владејачката коалиција е пратеничката Соња Мираковска од НСДП.