Контрола во гостиварската лабораторија која правела серолошки тестови за ковид 19 без лиценца
Foto

Контрола во гостиварската лабораторија која правела серолошки тестови за ковид 19 без лиценца

Здравствените инспектори влегоа во приватната лабораторија во Гостивар која како што објави вчера тв24 без дозвола од Министерството за здравство вршела серолошко тестирање за КОВИД 19.

Од здравствениот инспкторат за ТВ 24 велат дека вршат вонреден надзор врз работата на лабораторијата. Директорката на инспекторатот Ирина Бухоав, вели дека увидот уште трае и дека заклучоците ќе бидат познати само откако инспекторите ќе се вратат од терен.

Според информациите од Министерството за здравство, преку оформена комисија се издава сертификат за вршење на тестирања за коронавирусот, а во листата на лаборатории кои што имаат дозвола за тоа ја нема гостиварската лабораторија. Но, менаџментот на поликлиниката во која што се наоѓа и лабораторијата за ТВ 24 тврдеше дека серолошките тестови ги правеле само за интерна употреба. Ги тестирале само своите вработени и пациенти кои што се лекувале во нивната здраствена установа.

Менаџерот на полклиникиата изјави дека лабораторијата има апарат и реагенси што велат дека биле веродостојни и не гледаат ништо спорно со оглед на тоа што велат тестовите се само за интерна употреба.

Гостиварчанец, кој сакаше да остане анонимен за ТВ 24 изјави дека неговиот дваесет и четири годишен син, кој се тестирал во лабораторијата добил резултат на 06-ти јуни, кој покажал дека има антитела односно дека го прележал вирусот. Но, по само неколку денови почнал да развива симптоми и тестовите кои ги направиле епидемиолозите од државниот Центарот за јавно здравје утврдиле дека има КОВИД 19, поради што изрази сомнеж во веродостојноста на тестовите.

Од минситерството за здравство велат дека досега сертификати се издадени за Авицена, Биотек, Систина, Институтот за јавно здравје во Скопје, Центар за јавно здравје - Скопје, МАНУ, Центар за јавно здравје - Битола и Лабораторијата на Ветеринарниот Институт.

0 Коментари

Остави коментари