Контрола на цените најавува владата, експертите скептични

По две недели откако се крена гласот на народот за високите цени и одржани два бојкота против маркетите конкретни мерки се уште нема, се чекаат извештаите од инспекторат.

Поремиерот Мицкоски со најава за одбранбени мерки доколку производителите, трговците и и ланците на маркети не почнат да ги почитува населението и договореното со Власта.

Поранешниот министер за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини за телевизија 24 вели дека финансиската состојба на македонските семејства е на раб само за преживување, според него бојкотот на населението е крикот дека не се во можност да си го дозволат и најосновното.

Граѓаните два петоци веќе ги бојкотираат маркетите. Кога прв пат се бојкотираше на 31 јануари граѓаните потрошиле 114,293,367 денари, додека пак пред два дена било нешто послабо, за пазарување дале 181.288.348 денари објави управата за јавни приходи преку нивниот ГПРС систем. Без малку 67 милиони денари, речиси 37 % поголем промет во однос на првиот. Освен во мзкаедонија сериоџзен бојкот намаркетите има во хрватска , Црна гора и Босна и Херцеговина.