Конституиран новиот состав на Економско-социјалниот совет
Синдикалците и работодавачите со серија барања до новата власт, денеска на седница на Економско социјалниот совет беа поднесени барањата на двете страни и како што изјави министерот за економија Бесар Дурмиши на следните седници ќе се разгледуваат и ќе се донесуваат одлуки за подобрување на стандардот на граѓаните.
„Денеса е како што реков конституивна седница ќе се разгледуваат сите барања нема да има некое барање кое можеме денеска да го разгледуваме поради тоа што е конституивна, но тие барања кои ќе се постават денеска на оваа седница официјално потоа ќе се дадат на економски социјален совет па во наредните седници ќе се разгледува, ќе се дискутираат и ќе донесеме заеднички одлуки.“ - Бесар Дурмиши министер за економија.
Претседателот на сојузот на сидникатите на Македонија Слободан Трендафилов вели дека денешната седница треба да даде резултати за многу брзо време и смета дека аргументите кои што ги поднеле се на нивна страна
„Нашите очекувања се дека треба навистина да седнеме и сериозно да ги разгледаме сите информации кои ги имаме и ние меѓутоа ги има и државата и работодавачите свесни сме дека работниците со забрзано темпо се се иселуваат сите сме согласни кои седевме на онаа маса дека многу ретко се враќаат треба да се потрудиме сите заедно дека преку растот на платите преку подобрувањето на животниот стандард да направиме навистина сериозен исчекор кои ќе овозможи останување на квалификуваниот работен кадар во македонија како и враќање на оние луѓе кои заминале од македонија особено поради ниските плати.“ - Слободан Трендафилов ССМ.
Премиерот Мицкоски на денешната конститутивна седница кажа дека работодавците и синдикалците треба да ја гледаат владата како парнер а не како конкурент.
„Не сакаме да не гледате како страна која што е ваш конкурент иако морам да кажам почетокот не беше блијиантен можеби за прв пат се олучува некоа влада во првите 100 денови да биде така жестото напаѓана од страна на синдикатите и организацијата на работодавачи не знам кои беа причините и мотвот бев шокиран и изненаден имајќи во предивд дека наследивме распадната држава буџетска сметка со 200 милиони евра во минус девизна сметка на која што имаше само 47 милиони евра 71% потрошен дефицит од планираниот а помината само половина година состојбата беше повеќе од катаклизмичка.“ - рече Мицкоски.
Претседателката на Организација на работодавачи пак вели дека има закон за минимална плата кои треба да се почитува и дека тие се птоив паушалното зголемување на минималната плата.
„Она за што ние највеќе сакаме де разговараме е недостатокот на работна сила, зголемување на продуктивноста да најдеме некој механизам како да работиме на зголемување на продуктивноста со која ќе ја намалиме сиромаштијата како да го намалиме бројот на луѓе кои примаат минимална плата и сите луѓе во државата да бидат позадоволни и посреќни.“ - Владанка Трајкоска организација на работодавачи.
Според законскотот решение, минималната плата најдоцна треба да се зголеми на почетокот на март идната година.